Во два пријателски натпревари, играни многу одамна, Македонија ремизираше против Португалија, тогаш полна со ѕвезди со светски калибар како Фиго, Коуто, Руи Коста.
Сепак, ниту една минута од тие две соочувања не наликува на утрешнииот натпревар на „Драгао“. Од нашиот националем тим искуство од играње во Примеира и низ португалските стадиони има капитенот Стефан Ристовски, кој со Спортинг има Куп-трофеи во португалскиот фудбал.
„Сигурно дека ова е еден од најважните натпревари во историјата на нашиот фудбал. Можеби светот не веруваше дека вечерва ќе бидеме тука, но ќе кажам дека не е случајно нашето присуство тука. Оваа наша соблекувална има нешто што другите немаат. Горд сум и подготвен за ова финале. Не можев да замислам дека ќе дојде натпревар во кој против Португалија ќе се бори за еден мундијалски билет. Но, фудбалот е таков и нуди вакви предизвици.
Едно изненадување приредивме, а сега сме тука пред 50.000 Португалци да се обидеме пак да се надминеме себеси. Ја познавам Португалија, минав тука доста време, се чувствувам и Португалец. Син ми е роден тука, ме врзуваат убави спомени тука и среќен сум што оставив траги и по моето заминување. Во одличен однос сум со многу фудбалери од Португалија, посебен е мојот однос со Бруно Фернандеш, а таков ќе биде нашиот однос и по натпреварот. Често разговараме со Бруно за сите детали поврзани со фудбаллот. Му пренесов на селекторот што можам да помогнам околу противникот. Се забораваат пријателствата утре, бидејќи победа може да ни донесе историски успех“, смета нашиот капитен Стефан Ристовски.
Македонската репрезентација со цел свој арсенал вечерва ќе тренира на „Драгао“, а потоа веројатно селекторот Милевски ќе ги разреши дилемите околу составот и формацијата.