Стопанската комора во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива денеска организираат Македонско-австриски бизнис-форум.
Основната цел на Бизнис-форумот, како што информираа од Комората, е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични решенија.
Со цел интензивирање на економската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, на Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, кои ќе ги презентираат актуелните и идни проекти од патната и од железничката инфраструктура.