Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно„ која се емитува на Алфа телевизија истакна дека народот во Македонија страда од поделби.

-Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро, рече Мицкоски.

Тој порача дека во овие тешки времиња кога се сочуваме со економска и национална криза потребно е обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да може да и тргне на Македонија.

-Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне, порача Мицкоски.