Земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтаровата скала денеска е регистриран на Нова Каледонија, објави американскиот геолошки институт (УСГС).
По земјотресот беше објавено предупредување за појава на цунами на островот Лојалити, а беше повлечено по кратко време.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.