Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетно регрутирање, во кое се вклучени 134.500 млади мажи, нови регрути, пренесе Бета.
Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека овие регрути нема да учествуваат во војната во Украина.
Меѓутоа, овој месец руската војска призна дека голем број регрути завршиле во Украина, па дури и биле заробени таму, потсетува агенцијата.
Во уредбата се наведува дека регрутирањето ќе започне на 1 април и ќе трае до 15 јули.