Потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук изјави дека денеска продолжуваат обидите за евакуација на цивилите од Мариупол.
Таа додаде дека автобусите се приближуваат кон опколениот пристаништен град.
– Седум автобуси ќе се обидат да се приближат до Мариупол, во придружба на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, истакна Верешчук.