Два автомобили се оштетени во експлозија на бомба во Подгорица синоќа околу 23 часот.

Полициската управа неофицијално за порталот Вијести соопшти дека експлозивната направа била активирана пред деловен простор на булеварот Вељко Влаховиќ кај Стариот аеродром. Оштетени се возила „ВВ“ и „Ауди“.

Според неофицијални информации на Вијести, деловниот простор пред кој била активирана бомбата е во сопственост на Радојица Перишиќ. На тој објект е причинета мала материјална штета.

– При активирање на експлозивната направа се оштетени два автомобили. Им е причинета мала материјална штета – соопштија од Полициската управа.

Друг извор од Полициската управа изјави дека во експлозијата биле оштетени четири, а не два автомобили.