На 03.04.2022 во 20.55 часот на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Тој се сомничи дека претходно со употреба на сила влегол во аптека на ул.„Македонија“ и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и ќе бидат вратени на сопственикот. Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.