Задоволството е огромно кога ќе можете да присуствувате на вака значајни моменти за нашите сограѓани. Денеска сме овде во Кавадарци и еве заедно со градоначалникот Митко Јанчев и со останатите луѓе од општината, се радуваме на отворање на еден капитален проект, а тоа е градскиот пазар кој после 60 години ќе обезбеди навистина пристојни и би рекол европски услови за луѓето кои што овде ќе работата, ќе ги продаваат своите производи и ќе обезбедуваат егзистенција за своите семејства, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Секогаш сум среќен кога можам да дадам и најмал допринос за да еден ваков капитален објект, една ваква инвестиција се реализира и помогне на граѓаните и го олесни нивниот живот. Навистина ги охрабрувам сите останати да го следат примерот на градоначалникот Митко Јанчев, на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои што работат на дневна основна и ги реализираат ветувањата кои што беа дадени за време на предизборната кампања за овие локални избори и да ја оправдаат довербата која што граѓаните ја дадоа и во првиот и во вториот круг. Се надевам дека ќе продолжиме со истата динамика и во периодот кој што следи и покрај целата оваа криза која што ни се случува во нашата Македонија, економска, енергетска, секаква криза на политички план, и сето ова нормално да кулминира со предвремени избори во кои што ќе биде испочитувана волјата на граѓаните, а согласно последните мерења и континуираните мерења на јавното мислење огромно мнозинство од народот би рекол повеќе од 75 проценти мислат дека Македонија оваа влада ја движи во погрешен правец и дека оваа влада треба да си замине, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека е потребна нова Влада која ќе ги решава проблемите на граѓаните.
-Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се фати во костец со решавање на проблемите и ќе ги решава проблемите согласно можностите кои што ги има. Но, важно е дека очекуваме мотивирани, храбри луѓе, луѓе кои што знаат како да дојдат онаму каде што им е местото во владата и во институциите и да го олеснат животот на граѓаните исто онака како што тоа го прават овие 5 месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Митко Јанчев овде во Кавадарци, рече Мицкоски.