Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.
Советот ги имаше предвид сите отежителни и олеснителни околности. Околност што возилото било поголема за 17,3 км на час, општествената опасност од сторување на кривичната одговорност како и зачестеноста на овие кривични дела, дека е изгубен човечки живот.
Горгиев го призна делото и изрази каење.
-Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина, рече 23-годишниот Јордан Горгиев, кој со ова ја призна вината за сообраќајната несреќа кај Сити мол.
Олеснителна околност е тоа што возраста на обвинетиот е 23 години, и прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.
Во несреќата на 20-ти јануари оваа година загина Викторија Николова, 24-годишна радовишанка која поминувала на пешачки премин додека на семафорот трепкало жолто светло. Ѓоргиев налетал на неа и на нејзиниот партнер, а Викторија загина на лице место откако беше отфрлена 20-тина метри во средина на булеварот Партизански одреди.