Спортската сала, во склоп на основното училиште „Страшо Пинџур“, во населбата „Даме Груев“ добива нов кров. Ова ќе значи крај на прокиснувањата при секој дожд, информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.
Азбесниот кров е минато, а ова ќе значи подобрени услови за секој ученик, но и спортист. Промената на кровот е отпочната, а станува збор за површина од 700 м2, вели Стојкоски
Реконструкцијата на покривот е во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, кој го спроведува МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование / MCEC , на кои им благодариме на поддршката.