Министерството за образование и наука во време на штрајк на просветарите, се одлучи да го спороведува ПИСА тестирањето во средните училишта.
Претседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Томислав Гиевски смета дека ова е еден своевиден притисок врз наставниците но и врз родителите кои веќе се солидаризирале со наставниците, да ги пушат децата во училиште.
И онака слабите резултати кои се добиени на предходните ПИСА тестирања ќе се потврдат и со ова ПИСА тестирање кое се спорведува во време на штрајк, смета Гиевски, кој проблемот го лоцира во вредностите на системот и третманот на државата кон образованието.
Членовите на НСОН засега не се соочуваат со сериозни притисоци за време на штрајкот а Гиевски очекува исходот од него да биде почетна плата во образование не помала од републичкиот просек.
Лидер: Вчера, денот кога започна штрајкот на просветарите, Министерот за образование и наука заедно со директорката на Државниот Испитен Центар најавија дека ќе се спроведува ПИСА2022, тестирање со кое на средношколците ќе се изврши проверка на јазичната, математичката и научната писменост, односно знаењата на учениците во областа на природните науки, а годинава за прв пат ќе се мери и креативното размислување на учениците. Ваше мислење, дали ова е вистински момент кога треба да се спроведе тестирањето, и дали со ова се прави своевиден притисок врз наставниците и учениците, затоа што за време на тестирањето мора да се одвива наставниот процес?
-Апосолутно. Целиот начин на којшто се изведува токму во овој момент ПИСА тестирањето во пороцес на штрајк е со една еднинствена цел е да се направи притисок и кон работниците и кон родителите. Затоа што родителите не се запознаени точно што точно претставува ПИСА тестирањето и од онаа солидарна рамка, каде што голем број од родителите не ги испратија децата во училиште им се прави притисок за да го направат истото, односно да се оттргнат од солидарниот аспект кон просветните работници.
Лидер: Какви ќе бидат резултатите од ПИСА теститрањето со оглед на тоа дека се спроведува во време на штрајк? И на претходните тестирања Македонија се најде на дното на табелата.
-Единствено што мора е да се исплати достоинствена плата на просветнитеработници а се останато е е нешто за коешто секогаш може да се најдат соодветни солуции. ПИСА тестирањата се одвиваат веќе подолг временски период а резултатите на ПИСА тестирањето како резултат на вредностите кои ги имаме во општеството. Прво треба да изградиме здрави вредности во општеството за да вродиме поголем интерес кај учениците кон образованието.Тој процес повеќе од 20 години се одолговлекува во нашата држава, каде што образованието многу често не било вреднувано, било вреднувани активности на луѓе во одредени политички центри. И оттука и кај помладите генерации (средношколците) се што виделе во животот е дека други луѓе напредувале во работни позиции кои не се посветиле многу на образованието. Можеби токму затоа се намалил интересот кај дел од учениците кон процесот на учење. Тука го гледаме најголемиот проблем.
Лидер: Во однос на штрајкот, дали се соочувате со притисоци?
– Досега до мене како претседател на Независниот синдикат за образование и наука, како втор најголелем синдикат од оваа дејност кој што донесе одлука да го поддржи штрајкот предводен од СОНК немаше сериозни притисоци врз нашите членови. Имавме неколку поплаки од наши членови дека им било доделено да штрајкуваат во несоодветни простории , не биле задоволни од условите во порсторијата, немало доволно греење, во време на пандемија биле сместени биле во мал простор многу луѓе. Имаше во дел од училиштата префрлање од страна на директори дека немаат право да штрајкуваат, дека немаат право да се приклучат кон штрајкот, но тие многу брзо ги решивме преку нашиот правен тим и синдикалните претставници, за друго не можам да кажам дека се вршат некакви притисоци врз нашите членови. Можеби знаат дека брзо реагираме и не се осмелиле да го направат истото.
Лидер: Каков исход очекувате од штрајкот?
-Очекуваме дека во државата конечно државните органи ќе сфатат дека почетната плата на просветниот работник не смее да биде под републичкиот просек. Нас како Независен синдикат, како помала синдикална организација која се појави во секторот образование ни се допаѓа тоа што има енергија и борбеност кај колегите. Таа енергија и борбеност сме убедени дека ќе вроди со полод, без разлика на каков начин е менаџирано.