Министерството за внатрешни работи, вчера по спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, регистрира 250 прекршоци.
Како што информираат од МВР, од вкупниот број на регистрирани прекршоци 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел овозможување побезбедни патишта.