Министерот за надворешни работи Бујар Османи продолжува со скандалозното однесување и ПРИВАТИЗИРАЊЕ на македонското прашање и односите со Бугарија.
Ни срам, ни перде, Османи вчера изјави дека имал готов документ кој „наводно бил прифатлив“ за Македонија и се чекало само одговор од Бугарија, ВНИМАВАЈТЕ, за потоа да ги известел македонските пратеници, Собранието и македонската јавност, се вели во Фејсбук статусот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
-Антидржавно, недозволиво и срамно однесување на еден министер кој треба да се грижи и да ги застапува МАКЕДОНСКИТЕ интереси во надворешната политика.
Токму поради ова, сакам на г-динот Бујар Османи да му појаснам неколку работи кои сепак сум сигурен дека ги знае, а тоа се следните:
♦️Г-дине Бујар Османи, содржината на документот МОРА да се достави до пратениците и Собранието за да се утврдат фактите и позициите на Македонија !
♦️Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ да го заобиколиш македонското Собрание, народните избраници, како и Комисијата за надворешни работи бидејќи ти и твојата Влада, токму од Собранието го црпите легитимитетот !
♦️Г-дине Бујар Османи, НЕ СМЕЕШ за вакво важно национално прашање да не се обидеш да изградиш консензус во македонското општество и да не ја почитуваш волјата на народот !
❓Дополнително, Бујар Османи мора да даде одговор пред целата македонска јавност на едно прашање, а тоа е: КОЈ ГО ВИДЕЛ И КОЈ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ГО ПРИФАТИЛ „ДОКУМЕНТОТ“? Праша Мицевски.
На крајот, сакам да им порачам и да ги потсетам сите во власта, почнувајќи од премиерот Ковачевски, министерот Османи, министерството за надворешни работи, па се’ до СДСМ и ДУИ и нивните пратеници во Собранието, дека постои ДЕКЛАРАЦИЈА едногласно донесена во Собранието, со која ги утврдивме македонските позиции и црвени линии во односите со Бугарија и од тие позиции нема мрдање и отстапување ! Г-дине Османи, на крајот на краиштата, ако веќе си ја запоседнал функцијата МАКЕДОНСКИ министер за надворешни работи, барем обиди се и почни да се однесуваш како министер и претставник на македонските интереси, а не како адвокат за застапување само на личните и туѓите интереси! Подвлече Мицевски.