Папата Франциск денеска од Рим повика на помирување во светот, додека привршуваат годинешните прославувања на Велигденските празници според Грегоријанскиот календар.

„Расправиите, војните и кавгите да отстапат место за разбирањето и помирувањето“, изјави поглаварот на Католичката црква пред илјадниците верници на плоштадот Свети Петар во Рим после денешната молитва посветена на Света Марија.

Тој додаде дека луѓето треба да бидат преобратени со мир и правда.

Папата Франциск во неговите обраќања за време на католичките Велигденски празници многупати ја спомна војната во Украина, повикуваќи на прекин на борбите и упатувајќи молитви за луѓето во со војната разурнатата земја.