Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека 4.869.019 Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на руската инвазија на Украина.
Тоа е зголемување за 32.574 од саботата, пренесе АФП, цитирајќи го високиот комесар за бегалци Филипо Гранди.
-Додека христијаните го слават Велигден, ние мораме тврдоглаво да се надеваме дека во деновите, месеците и годините што доаѓаат методите и јазикот на војната нема да надвладеат над оние методи, покомплицирани и потешки, кои носат мир, рече Гранди.
Покрај речиси 4,9 милиони Украинци кои ја напуштија земјата поради руската инвазија, околу 215.000 студенти и работници мигранти кои се државјани на други земји, ја напуштиле Украина, соопшти ОН. Тоа значи дека повеќе од 5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната.