Хотелите на охридско-струшката ривиера од мај до октомври ќе нудат поевтини аранжмани за српските туристи и до 20%, пренесува Алсат.
По човек дневно, полупансион можат да добијат од 25 евра со појадок и вечера во хотел со 4 ѕвезди. Некои хотели кои се со повисока категорија, можеби ќе бидат за 2-3 евра плус…, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.
Хотелиерите велат дека со оваа иницијатива сакале да се надоврзат на размислувањето на Владата за бесплатни патарини за српските граѓани во знак на благодарност за бесплатната вакцинација. За истата цел, од државната Агенција за поддршка и промоција на туризмот, имаат и дополнителни предлози до Владата во однос на Србија.