Администрацијата на Бајден веќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федералниот судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална.
Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски.
Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, пресуди дека 14-месечната директива е незаконска, спречувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на Ковид-19.
Судијката Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале јавно мислење и не ги објасниле соодветно своите одлуки.
Пресудата доаѓа во време кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден, во споредба со седумдневниот просек – моментално најголем број на ковид- 19 смртни случаи во светот.
Белата куќа ја нарече пресудата „разочарувачка“.
Овој потег може да влијае на побарувачката за патувања, по застојот предизвикан од омикрон варијантата на коронавирусот. Патничкиот сообраќај во САД изнесувал во просек околу 89 отсто од нивоата пред пандемијата од средината на февруари.
Со обновувањето на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле да бидат поттикнати повторно да летаат.