Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, ја посети и Бородјанка.
– Во Бородјанка. Како во Буча и премногу други градови во Украина. Историјата нема да ги заборави воените злосторства што беа извршени овде. Не може да има мир без правда, напиша Мишел на Твитер.
Тој утрово на социјалната мрежа напиша дека пристигнал во Киев, „во срцето на слободна и демократска Европа“.
Претходно овој месец и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, го посети украинскиот главен град