Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер денеска оцени дека Русија е виновна за глобалните економски проблеми.
Линднер на маргините на есенското заседание на ММФ во Вашингтон, според германските медиуми нагласи дека кризата не е предизвикана од санкциите на Западот, туку од руската агресија врз Украина.
Само Русија е одговорна за сегашните макроекономски ризици, нагласи Линднер.
Тој предупреди на опасноста од должничка криза во земјите во развој, како и на проблемите во снабдувањето со храна и економската стабилност.
Русија е причината за сето ова, нагласи Линднер.
Тој додаде дека не може да има враќање на вообичаената форма на соработка со рускиот претседател Владимир Путин додека тој не ја повлече војската од Украина.