Вадим Бојченко, градоначалникот на Мариупол, повторно повика на „целосна евакуација“ на опколениот град, град кој Москва вели дека е под руска контрола.

„Ни треба само едно – целосна евакуација на населението“, рече Бојченко, додавајќи дека во градот останале околу 100.000 луѓе.

Од друга страна, вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук вели дека поради опасноста денеска не бил направен обид за отворање на хуманитарни коридори.

„Поради опасноста на рутите, денеска, 22 април, нема да има хуманитарни коридори“, изјави Верешчук на Фејсбук, пренесува Ројтерс. Таа им порача на сите кои ја чекаат евакуацијата на Верешук „да бидат трпеливи и да издржат“.