Министерството за животна средина и просторно планирање по повод 22 Април, роденденот на нашата планета, која е и наш единствен дом, преку соопштение упатува порака и ги повикува сите: институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец – Сите заедно сега!, да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина.
-Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина, наведуваат од МЖСПП.
Воедно, се додава дека потребно е да се дејствува храбро, да се иновира широко и да се имплементира правично.
-Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за партнерство за планетата. И додека уште има време да се реши климатската криза, време e да се избере просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца. Времето е кратко. За овој ден, за сите, секој ден, инвестирајте во нашата планета!, порачуваат од МЖСПП.