Времето претпладне променливо облачно со локален слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб западен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 22 степени.

Претежно стабилно и топло време. Температурата ќе биде во значителен пораст, особено од понеделник, кога на повеќе места ќе надмине 25 степени.