Силен земјотрес доцна синоќа е почувствуван во Македонија.
Според првичните информации земјотресот бил со јачина од 6 степени, а епицентарот е регистриран во Босна и Херцеговина на 44 километри од Мостар.
Потресот бил на длабочина од два километри.
Земјотресот е почувствуван и во земјите од регионот.