Велика Британија денеска соопшти дека „би било добро да се види поголема поддршка од Франција и Германија“ за воените напори во Украина, предупредувајќи дека победата на Русија „отсекогаш била можна“.

Претседателот на Конзервативната партија Оливер Дауден изјави за Би-Би-Си дека Западот треба „да продолжи да ја затегнува контролата врз Русија“ додека Москва ја интензивира својата офанзива во јужна и источна Украина.

– Западот мора соодветно да одговори и ние сме подготвени да го сториме тоа, додаде тој.

– Сите сакаме да го направиме тоа, но би било добро да видиме повеќе од Франција и Германија.

Запрашан дали мисли дека Русија може да биде победник, тој рече: „Отсекогаш постоела можност Русија да победи. Ние не сакаме тоа да се случи“.