По 24 февруари од Украина заминале 5.2 милиони луѓе, се дознава од податоци од Високиот комесар за бегалци при ОН (УНХЦР).

Според податоците на Меѓународната организација за миграција при ОН (ИОМ) од Украина од 24 февруари исто така заминале 218.000 граѓани од трети земји. Според достапните извори, до 24 февруари на територијата на Украина под контрола на властите во Киев живееле 37 милиони луѓе.

Според УНХЦР, повеќе од 1.1 милион Украинци заминале од земјата во април, додека во март таа бројка изнесувала 3.4 милиони. Од таа бројка 90 отсто се жени и деца, притоа, мажите на возраст за регрутација (од 18 до 60 години) не можат да ја напуштат земјата.

Според ИОМ внатрешно раселени се 7.7 милиони лица, оттаму се дознава и дека граѓаните на трети земји кои заминале од Украина главно се студенти и работници мигранти.

Русија започна со воени напади на Украина на 24 февруари.