Руската армија погоди украинска фабрика за експлозиви, неколку артилериски складишта и стотици други цели, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Руската војска употреби проектили со прецизно наведување за да уништи фабрика за производство на барут и експлозиви во близина на Павлоград во реонот на Днепар во централна Украина“, наведува руското МО.
Во соопштението се вели дека руските сили, исто така, погодиле со артилериски гранати и ракети неколку магацини во Барвинкова, Нова Дмитривка, Иванивка, Хусаривка и Велика Комишваха во регионот на Харков, пренесува Бета.
„Артилерија погоди 423 украински цели во текот на ноќта, вклучително и утврдени позиции, додека воените авиони уништија 26 воени цели“, се вели во руското соопштението.