Русија со проектили со долг дострел погоди воени објекти во украинската нафтена рафинерија во Кременчук, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Високо прецизното оружје со долг дострел уништи капацитети за производство на гориво во нафтена рафинерија во северниот периферија на Кременчук“, се вели во соопштението на Министерството.
Како што се додава, уништени се и магацините на нафтени деривати што ги користи армијата на Украина.