Работењето во општината Македонска Каменица може да биде и пример за едно добро испланирано работење и корисно трошење, инвестирање на општинскиот буџет во проектите што се од општо добро, изјави при денешната посета на општината пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
-Денеска во општина Македонска Каменица задоволство ни е што градоначалникот заедно со советниците на општината и со неговиот тим гледаме дека работат на сериозни инфраструктурни проекти во интерес на граѓаните.
И би рекол дека има и видлива градежна офанзива. И работењето во општината Македонска Каменица може да биде и пример за едно добро испланирано работење и корисно трошење, инвестирање на општинскиот буџет во проектите што се од општо добро.
-Но, исто така сакам да напоменам дека за помалите општини Владата сепак треба да има поголемо разбирање и ресорните министерства во одредени области да предвидат поголеми средства од Буџетот и блок дотации за да може да биде тоа во интерес на сите граѓани, без разлика на која политичка партија припаѓа градоначалникот. Тоа би било нашиот апел кон Владата на Македонија, рече Милошоски.