Припадниците на хеликоптерската единица при Одделот за воздухопловни единици во МВР, како резултат на долгогодишната успешна соработка со полициското аташе при Амбасадата на Словенија во нашата земја, Бранко Скрбинек, реализираа обука за нивно оспособување со конкретни вештини за активности и мисии при справување со пожари.

Еднонеделната практична обука, информираа денеска од МВР, била успешно спроведена од страна на словенечкиот пилот инструктор Игор Подјед и техничарот – летач Ванч Жнидаршич од хеликоптерската единица на словенечкото МВР.

Реализирани се обуки за „Подвесен товар“ – Helicopter Sling Load Operations HESLO 1 и за работа со „противпожарно ведро“ – Helicopter Firefighting HFF, кои, како што соопштија од МВР, успешно биле совладани од сите припадници на хеликоптерската единица.