За енергетските гиганти БП и Шел првиот квартал од годинава е посебно успешен и компаниите поради војната во Украина имаат зголемен профит, објави Гардијан.
БП и Шел се две од вкупно седумте нафтени гиганти во светот.
По прекинот на врските со Кремљ, двете компании додадоа вкупно 24 милијарди фунти на нивната вредност.
Шел се очекува да добие дополнителен профит од 3,5 милијарди фунти поради одлуката да го напушти заедничкото вложување со руската државна компанија за гас Газпром, вклучително го и нејзиниот удел во гасниот проект Сахалин Два.
БП поседува 20 проценти од акциите во руската државната нафтена компанија Роснефт, која минатата година имаше профит од 1,9 милијарди фунти.