Денеска на верскиот празник Рамазан Бајрам, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг” – Скопје нема да се врши наплата, информираат од претпријатието.
Дополнуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи „Беко” и „26 Јули” и јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и Клинички центар „Мајка Тереза”.