Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(21) од скопското село Бојане.
Како што соопшти МВР, Б.Д. се сомничи дека вчера во периодот од 13.00 до 14.00 часот одзел предмет од продажен објект во трговски центар во Гази Баба.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.