Најголемата цена од политичките случувања во земјава ја плаќаат граѓаните. Политичкиот аналитичар и професор Мерсел Биљали смета дека сега не е време за блокади и условувања.
Вели-,, Сигурен сум дека ако се почне со блокади опозицијата сериозно ќе се делeгитимира и морално ќе се девалвира“. Сега гласачите станаа попаметни од политичарите и добро ги научија партиските трикови со флуидни програми.
Ние поради опаката електорална и партиска логика стасавме до дно на регионот, а бевме први. Сега и Бугарите си играат со нас оти ние со години бркавме лажен партиотизам кој потоа го конвертиравме во пари!-додава Биљали.
Лидер: По синоќешната одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за активна блокада на Собранието од 10 мај, од опозицијата денеска ѝ порачаа на власта дека има уште пет дена да си го преиспита однесување, а премиерот Димитар Ковачевски да се предомисли и да седне на лидерска средба со Христијан Мицкоски за да се договори датум за предвремени парламентарни избори.
-Кон што води оваа понуда на опозицијата? Дали од целата блокада најмногу ќе изгубат граѓаните,( затоа што клучни закони се заглавени во Законодавниот Дом )за сметка на политиката на “препукување“ на политчките елити?
-Мислам дека нашите политичари хронично имаат проблем да разберат дека борбата за власт не треба да се практикува како борба со сопствена сенка. Па цело време трошат енергија за да дојдат на власт по секоја цена, а најдебелата цена си ја плаќаат обичните луѓе и државата како целина. Водењето држава не треба да се сфати ниту како спорт, кога ќе скокнете, ќе трчите или ќе ползите за да победите. Ниту како лична страст, оти тоа брзо се чита од луѓето и ефектот е спротивен. Сигурен сум дека ако се почне со блокади опозицијата сериозно ќе се делeгитимира и морално ќе се девалвира. Луѓето сакаат да му се даде шанса на новиот премиер, па ако тој не го искористи тоа е лошо за сите, и не е толку важно што тој ќе ги загуби изборите. Тука тоа што тука се убива и надежта, а тоа ни се случува подолго време.
Биљали смета дека опозицијата треба да се залага да се зајакнат вредностите на државата и на челните позиции да се постават професионалци а не партсики луѓе. Дава поддрша за блокади доколку опозицијата бара мерит систем за раководење со кој државата би имала многу подобро образование, поголеми инвестиции, пофунксионално судсто,поефикасна администрација.
-Зошто опозицијата не се залагa со сета жестина за вредности. На пример нејзиното барање за мерит-систем би биле сосема легитими. И јас би ги поддржувал во тоа, ако тоа им значи нешто. Ние имаме бројни неписмени во бројни служби. Дури некои се на чело на такви институции. Тие дошле како партиски војници навор од професионалните способности, и тоа од сите претходни влади. Кога опозицијата би блокирала, не за избори туку за вредности, тогаш власта нема да има алтернатива. Таа мора ќе мора да седне да разговара. А и опозиционите способни кадри би добиле на шанса ако го заслужуваат низ строги процедури и тестирања. Само така ќе имавме многу подобро образование, поголеми инвестиции, пофунксионално судсто,поефикасна администрација итн. Значи нам ни треба систем на вредности, а не менување влади како чорапи, а состојбата да стане уште понеповолна! Сјаше Мурто за да узјаше Курто – веќе им е згадено на луѓето. Логиката да владееме оти тоа ни е страст, а и нашите партиски војници ќе ги задоволиме е тоа е Курто.
Лидер: Дали “практиката“ на блокада на Собранието и смена на власта е единствен начин Македонија да излезе од криза?
-Не ми е јасно како некои не можат или не сакат да разберат дека само јасните понуди и визии со конкретни развојни програми видливи за сите, во однос на секој педал земја во државата може да доведе до промени. Ние поради опаката електорална и партиска логика стасавме до дно на регионот, а бевме први. Сега и Бугарите си играат со нас оти ние со години бркавме лажен партиотизам кој потоа го конвертиравме во пари!!! И сега Бугарите не блокираат, а можевме многу пред нив ако ќе имавме малку акал да станеме членка на ЕУ. Ние продолжува сукцесивно со грешки.
Граѓаните сакаат да му дадат шанса на новиот Премиер, смета Биљали, а блокадата на опозицијата нема да ја постигне целта, затоа што гласачите се многу попаметни од политичарите.
-Сега имаме нов премиер. И луѓето сакаат да му се даде шанса, иако несреќата негова е што дошол во ситуација на бројни светски кризи. Па и ментални кризи на светски лидери. Дај да видиме што умее човекот. Почетните резултати во склоп на ситуацијата не му се лоши. Големите грешки направени низ годините не бараат сто дена туку сто години. Гледајте Србија се качила на брз воз, а беше со светлосни години зад нас!
Башка што со блокадите нема ништо да се постигне. Ќе имаме плус проблеми, а опозицијата најмногу ќе се девалвира. На тоа сум сигурен. Оти луѓето се многу порационални сега и добро ги научија партиските трикови со флуидни програми. Сега гласачите станаа попаметни од политичарите. Луѓето знаат добро дека две години имавме здравствена криза, потоа се појави енергетската криза за на крај и украинската светска криза. Па треба да имаш ментална криза за да ја игнорираш таквите реалност, кога секој и без школо знае дека проблемот сега е светски.
Исто така многу е лошо, ако сега почнеме со блокади ќе создадеме вечен преседан. Кај сте виделе демократска држава и блокади. Постои уставен мандат. По таа логика секоја година ќе ни требаат избори. Па луѓето се уморни веќе од избори. Нека смислат нешто поинтелигентно и покорисно!