Вработените од Управата за водење на матични книги денеска од 15 до 17 часот ќе протестираат барајќи исполнување на нивните барања. Протестот ќе почне од Собранието и ќе заврши пред Министерството за правда.
Претседателот на синдикатот Тони Милошески во изјава за МИА вели дека се повикани на средба во Министерството за правда по што се очекува да дадат изјава за медиумите.
Синдикатот бара да се донесе колективен договор, линеарно да се зголемат платите и на околу 500 вработени да им бидат признати знањата и тие да работат на соодветни позиции според образованието и искуството. Протестот започна на 27 април.