Александар Лукашенко, белорускиот диктатор и еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, од самиот почеток ја поддржува руската инвазија на Украина.

Во денешното интервју за Асошиетед прес, тој рече дека не очекувал војната да трае толку долго.

Тој исто така тврдел дека рускиот претседател Путин „немал избор“ и „морал да дејствува бидејќи Украина ја провоцирала Русија“. Но, веднаш потоа додаде: „Не сум доволно запознаен со ова прашање за да можам да кажам дали сè оди според планот, како што велат Русите дека оди, или како што ми се чини“.

„Сакам уште еднаш да нагласам – оваа операција се одолговлекува“, рече Лукашенко, додавајќи дека Белорусија сака војната да заврши и дека „направила и прави сѐ“ за да го запре конфликтот.