Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека речиси 200 места од украинското културно наследство биле погодени или уништени откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз неговата земја, пренесе ДПА.
-До 7 мај руската армија уништи или оштети речиси 200 места на културно наследство, рече Зеленски во ноќешното видео обраќање до нацијата од Киев.
Меѓу нив е и музејот на украинскиот поет и филозоф Хрихориј Сковорода во регионот Харков, кој беше погоден со проектил претходната ноќ, рече Зеленски.
Сковорода живеел од 1722-1794 година.
-За жал, злото има тенденција да се враќа кога луѓето не ги почитуваат правата на другите луѓе, го игнорираат законот и ја уништуваат културата, рече Зеленски.
„Токму ова и се случи на руската држава. Затоа сега сите мораме да се браниме. Да ги браниме нашите луѓе, нашите градови, па дури и нашите музеи, кои стануваат мети за руски ракетни напади“, додаде украинскиот претседател во видео обраќањето.“
Денеска и утре во светот ќе се одбележува победата над нацистите во Втората светска војна, истакна тој.
-Но, дејствијата на Русија треба да ја „потсетат секоја држава и секој народ дека е невозможно да се победи злото еднаш засекогаш“, посочи Зеленски.