Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан истакна дека лидерите сега треба да се справат со војната во Украина како со долготраен конфликт што ќе предизвика сериозни последици ширум светот.

-Светските лидери треба да се подготват дека војната во Украина може да потрае и да ги разгледаат нејзините долгорочни последици, изјави Ле Дриан.

-Сега треба да се справиме со конфликтот што ќе потрае, а со тоа и да се справиме со последиците од овој конфликт на меѓународно ниво на долг рок, особено во областа на стабилно снабдување со храна, рече Ле Дријан, пренесува Би-Би-Си.