Здравствената агенција на ЕУ – Европски центар за спречување и контрола на болести – денеска соопшти дека ризикот од ширење на ретката болест мајмунски сипаници меѓу општата популација е „многу низок“, но висок за одредени групи.
„Повеќето од сегашните случаи се манифестираа со благи симптоми на болеста, а за пошироката популација, веројатноста за ширење е многу мала“, нагласи директорката на ЕЦДЦ Андреа Амон. Таа додаде дека постои „висока“ веројатност за понатамошно ширење само преку близок контакт меѓу лица со повеќе сексуални партнери.
Во изминатите неколку недели, ретката болест е откриена во неколку европски земји, САД, Австралија и Канада.