Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, повика на целосно суспендирање на трговските релации на западните земји со Русија.

-Светот треба да престане да купува руски стоки и услуги и да тргува со Русија, бидејќи секој долар и евро што Русија ги остварува од тие зделки се вложува во одржување на режимот на Путин и на руската воена машинерија,изјави Кулеба на денешниот панел организиран од Фондацијата „Виктор Пинчук“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

-Концептот на санкции против Русија треба да се заснова врз мошне едноставен принцип: Елиминирајте го рускиот извоз… Тие треба да бидат отсечени од можностите да заработуваат на глобалната сцена, истакна тој.

За војната Кулеба изјави дека целта е мошне едноставна и јасна – „Украина мора да победи. Точка“, рече тој.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола критикуваше некои држави дека сè уште користат дупки во санкциите кон Русија.

-Тоа не треба да се дозволи, рече таа заложувајќи се за тоа Украина да се смета како кандидат за членство во ЕУ.