Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со повикувањето на информативен разговор на уредничката на ТВ Телма од страна на МВР за вест која не е емитувана во програмата на телевизијата посочува дека ваквите дејствија можат негативно да се одразат на слободата на медиумите.
-Новинарите и останатите медиумски работници не смеат да бидат неосновано повикувани на службени полициски разговори имајќи превид дека имаат заплашувачки ефект и во иднина можат да водат кон самоцензура.
Ваквите постапки на истражните органи кон медиумските работници претставуваат притисок врз медиумите и нивно слободно работење, се наведува во соопштението.