На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, соопшти МВР.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење под дејство на алкохол, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…