Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021-ва, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика.
Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 23,8 проценти, за материјали за 29,3 проценти, а за вработените за 12,5 проценти.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.