Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини учествуваше на регионалниот состанок на министрите од Западен Балкан и Турција задолжени за животна средина, енергетика и климатски промени, што вчера попладне се одржа во Виена.
Министерскиот состанок, како што соопшти МЖСПП е на покана на австриската федерална министерка за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија, Леонор Гевеслер и имаше за цел размена на искуства, знаења и идни потребни чекори и предизвиците на државите од регионот за праведна транзиција и постигнување на енергетските и климатските цели за декарбонизација и останати регионалнии обврски кои произлегуваат од патоказот за декарбонизација и зелената агенда за Западниот Балкан.
Во својот настап, министерот Нуредини информираше за активностите што Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Северна Македонија ги преземаат во насока на исполнување на националните и регионалните климатски цели, како и предизвиците со кои се соочуваат при реализација на истите, се наведува во соопштението.
Се додава дека заеднички било констатирано дека регионалната соработка останува клучна алатка во генерирање на заеднички одговор на патот кон јаглеродно-неутрална Европа.