Работната група (ОТФ), предводена од германската федерална полиција и координирана од Европол, разби една од најопасните групи на шверцери на мигранти низ ЕУ.

„Откриени се 916 случаи на шверц и претресени се 151 куќа, а запленети се разновидни средства со вкупна вредност од приближно 900.000 евра“, соопшти Европол.

Според Европол, во акцијата биле вклучени и полициите на Австрија, Германија, Унгарија, Романија, Србија и Холандија, што довело до отворање 39 нови истраги.