На 02.06.2022 во 21:30 часот во Полициската станица Центар, Ј.И.(35) од Скопје пријавила дека во спортска сала на ул.„Мајка Тереза“, по претходна вербална расправија, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.