Прес конференциите на СДСМ се најдобар доказ на лажни вести. Значи ако во минатото се боревме со лажни вести кои што произлегуваа од т.н. жолта штампа од протопортали и така натака, сега извор на лажните вести во државава е владејачката партија. Одржуваат серија прес конференции за работа која што не постои. Не знам дали го немаат прочитано документот или мислат дека луѓето нема да го прочитаат. Значи тоа што го кажуваат на прес конференциите во документот го нема, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Еспресо со Златев и Боцевски“ говорејќи за резолуцијата на ЕПП.
Николоски додаде дека во резолуцијата на ЕПП има дел што се однесува на состојбите со правосудството во државата. Во резолуцијата пишува дека се длабоко загрижени за злоупотребата на институциите во државата со цел напад врз опозициските партии, групи или поединци. А, со ова се потврдува и тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека власта врши политички прогон на неистомисленици.
Одговорен систем е оној во кој што судството служи на деполитизирани институции и случаите се судат исклучиво врз основа на мерит систем, а не врз основа на политички интереси на разни интересни групи од власта.
-Во следниот пасус се говори и за лажните вести, пасусот вели – понатамошни кредибилни чекори мора да бидат преземени во борба со лажните вести и малигното странско влијание во Македонија. Такви чекори мора да вклучат повизибилно присуство на ЕУ над се, стартувајќи со што поскоро почеток на прва меѓувладина конференција односно почеток на преговори на Македонија со ЕУ. А, делот кој што можеме да го најдеме во пресовите на СДСМ пишува следно – ние како ЕПП силно го поддржуваме отворањето на пристапни преговори помеѓу ЕУ и Република Македонија вклучувајќи и помирување со минатото на база на европските критериуми и вредности. Ние силно веруваме дека добрите меѓусоседски односи се клучни во решавање на прашањата кои што се настанати, прочита Николоски.
Николоски ја цитираше и реченицата од Резолуцијата на ЕПП каде што вели – „Ние високо го цениме и ја поздравивме одлуката на Европскиот Совет од март 2020-та година, која што значи одлука за препорака за почеток на пристапни преговори на Македонија. Во исто време жалиме што досега не е определена рамка за преговори која што би овозможила организирање на првата меѓувладина конференција соодветно на заклучоците на Советот од март 2020-та година. Исто така во тие заклучоци стои дека е потребно да се надминат билатералните спорови. Резолуцијата на ЕПП се повикува на заклучоци на ЕУ од 2020-та година. Тие заклучоци не можат да се сменат. Понатака во Резолуцијата на ЕПП пишува – „Веруваме дека во добра волја може да се имплементираат билатералните договори, недискриминацијата, почитување на човековите права, слободата на говорот, се вредности на кои што лежи ЕУ, и истите мора да бидат признаени и од земјите кандидати за членство во ЕУ“.
-Втора работа, на страна од лажните вести, нас за патриотизам ни зборува СДСМ. Врвот на СДСМ да зборува за патриотизам, мислам дека е рамно на перверзија. Значи Зоран Заев, Ковачевски и Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и компанија, кои што потпишаа договор за промена на името на државата, со се промена на Устав за да е за век и веков, кои што воведоа двојазичност, и кои што потпишаа договор со Бугарија во кој што пишува дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, иако сите знаеме дека немаат. Тоа се луѓето кои што ги срушија основите на македонската држава, и темелот на македонската држава и пред се на македонскиот народ како доминантен во истата, да зборуваат за патриотизам мислам дека е перверзија, заклучи Николоски.