Уште една потврда за економската катастрофа во којашто се наоѓа Македонија заради постоењето и делувањето на оваа Влада нѝ дојде денес од Државниот завод за статистика (ДЗС) кој ги објави податоците за Бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје на 2022 година.

Стравувањата на ВМРО-ДПМНЕ се потврдија, односно македонската економија е влезена во период на стагфлација, во период на низок раст и висока инфлација.

Во првото тримесечје на 2022 година годишниот раст на БДП изнесува само 2,4% и се надоврза на нискиот раст од 2,3% во последното тримесечје на 2021 година, додека годишната стапка на инфлација од3,7% во септември лани се искачи на 8,8% во март и 11,9% во мај 2022 година.

Според економскиот раст сме на дното на Европа, којашто исто како и ние се соочува со енергетска криза и висока инфлација. Но дејствувањето на оваа Влада нѐ стави, при ист шок, закотвени на дното веќе подолг временски период.

Повеќе факти се загрижувачки. Податоците за надворешната размена во првиот квартал на 2022 година покажуваат дека количинскиот извоз е двојно понизок од количинскиот увоз. Ова не прави исклучително ранливи како мала економија при влошување на условите на размена, односно при поинтензивен раст на увозните од извозните цени. Така, за три месеци номиналниот трговски дефицит на стоки и услуги изнесува високи 42 милијарди денари (или околу 670 милиони евра), што е втор историски највисок дефицит по оној од последниот квартал на 2021 година (околу 770 милиони евра). Во услови кога оваа власт нема никаква политика за привлекување на странски директни инвестиции (и тука сме на дното од регионот),кога немаме влез на девизни приливи, ова ги намалува значајно девизните резерви.

Уште повеќе загрижува фактот што ДЗС објави дека бруто инвестициите реално годишно пораснале за високи 38,6% (во претходниот квартал за 21,2%). НО, ова никако не укажува дека има раст на инвестиции во фиксни средства или пак инвестиции во инфраструктура, во услови кога градежништвото е во слободен пад неколку кварталi по ред. Додадената вредност во градежништвото во првиот квартал на 2022 година има реален пад од 17,4%, кој се надоврза на реалниот пад од последниот квартал лани (9,9%).Воедно, високиот годишен раст кај бруто инвестициите може да укажува на трупање на залихи кај компаниите, во услови на неможност за реализација на своето производство. Од друга страна пак земјоделството коешто треба да ни обезбеди сигурност за храна, стагнира, зошто оваа Влада не го подржа со навремени мерки.

Единствено, знаци дека имаме прегревање на економијата доаѓаат од финалната потрошувачка. Приватната потрошувачка бележи количински раст од 4,9%, и покрај високата инфлација, а во трговијата на големо и мало имаме количински раст од високи 11,2%. Јавната потрошувачка бележи годишен реален раст за 0,5%, но во споредба со пред кризното ниво (Кв.1 2019 година) е повисока реално за 7,5%, што укажува дека истата ја стимулира инфлацијата.

Ваквите податоци покажаа дека реакцијата на Народната банка беше закаснета и дека само услови почва за засилување на инфлацијата. Ваквиот однос воопшто на носителите на макроекономските политики тешко дека ќе креира услови за раст годинава, којшто Владата го планира на 3,2% и Народната банка на 2,9% за цела 2022 година. Напротив, однесувањето на оваа Влада предизвикува влез во рецесија!

Затоа нѝ се потребни брзи предвремени парламентари избори! Премногу е, протест на 18 јуни во 20:00 часот пред Влада на Република Македонија!