Папата Франциск ги одложи посетите на Конго и Јужен Судан, планирани за јули, поради проблеми со коленото.
Папата Франциск веќе еден месец користи инвалидска количка бидејќи ги истегна лигаментите на коленото поради што отежнато оди и стои.
– По барање на неговите лекари, посетата е одложена за да не се загрозат резултатите од терапијата со која го лекува коленото, се наведува во денешното соопштение на Ватикан.