Во последните 24 часа во државата се регистрирани 65 нови случаи на Ковид-19 од вкупно тестирани 1.090 лица, оздравени се 78 лица, додека починати нема, информираат од Институтот за јавно здравје.
Од новите позитивни случаи во Скопје се регистрирани 41 лица со Ковид-19, во Битола – 9, Кавадарци, Охрид, Штип и Неготино – по 2, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и Струга – по 1. Според податоците на ИЈЗ регистрирани се и 8 реинфекции со коронавирус.
Истовремено според здравствените власти во изминатите 24 часа регистрирани сe 78 оздравени пациенти од кои Скопје – 54, Битола – 6, Охрид и Неготино – по 4, Штип – 3, Прилеп и Велес – по 2, Куманово, Струмица и Кичево – по 1.
– Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 3 починати лица од Скопје (2) и Охрид (1). Пријавените се на возраст од 63 до 92 години и се починати во период од 24.05 – 07.06.2022. Две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови, велат од ИЈЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 2.065.025 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.538, бројот на оздравени пациенти е 302.807, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 415.